Телото на легендарниот кошаркар Коби Брајант денеска е официјално идентификувано меѓу телата на девет жртви пронајдени во остатоците на хеликоптерот кој се урна во неделата во близина на Лос Анџелес.

Брајант е идентификуван со помош на отисоци од прсти, соопштија патолозите и додадоа дека се идентификувани телата на уште двајца мажи и една жена.

Иследниците работат на идентификување на уште пет тела, меѓу кои е и ќерката на Брајант Џиана, која имала 13 години.

Иако полицијата официјално се уште нема соопштено, светската јавност од блиските на настраданите беше информирана дека покрај Коби и Џиана Брајант, во несреќата загинаа другарката и соиграчка на Џана, Алиса Алтобели (13), нејзиниот татко Џон Алтобели (56) и мајка ѝ Кери Алтобели, кошаркарскиот тренер од училиштето Харбор Деј, каде што учела Џиана, Кристина Маузер (38), Пејтон Честер (13) исто така соученичка на Џиана, Сара Честер (45) мајка на Пејтон, и пилотот Ара Зобајан.

Тие биле на пат кон Мамба академијата за кошарка на Брајант, каде требало да се одржи кошаркарски турнир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.