Повремениот кошаркарски репрезентативец на Србија 32-годишниот Стеван Јеловац почина денеска од мозочен удар.
Јеловац, кој ги бранеше боите на грчкиот АЕК, бил итно пренесен во болница на 14 ноември кога му се слошило за време на тренинг.

Неговиот клуб соопшти дека по првата интервенција Јеловац е критично, но стабилно. Но, на почетокот на неделава, поради сериозноста на ситуацијата, Јеловац на иницијатива на неговото семејство беше префрлен на лекување во Србија, каде што починал.

За време на својата богата кариера, Јеловац играше за Визура, Мега, Црвена звезда, Анталија, Јувеказерта, Литвос Ритас, Сарагоса, Нижњи Новгород, Бросе Бамберг, Газиантеп и јапонскиот Сан-Ен Неофиникс.

За репрезентацијата на Србија настапуваше во квалификациите за СП 2019 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.