Спортската јавност во Македонија денеска жали за поранешниот селектор на кошаркарите и кошаркарките Марјан Лазовски.

Лазовски ја загуби битката со корона вирусот на 58 годишна возраст. Тренерот во изминатиот период беше сместен на клиниката во Скопје, каде, за жал, лекарите не успеаја да го спасат неговиот живот.

Марјан Лазовски беше долгогодишен кошаркар на Вардар, МЗТ Скопје, а потоа заплови во тренерските води.

Кариерата како тренер ја започна во „неговиот“ Вардар, долги години беше и асистент во стручниот штаб на македонската репрезентација. Во 2012 година беше назначен за селектор на машката рептрезентација на Македонија, а од 2017 до 2019 година беше и селектор на нашите најдобри кошаркарки.

Лазвовски покрај тоа беше и тренер на МЗТ Скопје, Амак СП, Пелистер, Торус и Работнички.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.