Екипата на Феникс санс го совлада Кливленд кавалирс на гости со 120:115 со што дојде 14. победа во низа. „Сонцата“ последен пат беа поразени на 27 октомври од Сакраменто кингс, а триумфалната серија ја почнаа три дена подоцна токму против Кливленд.

Само се случи да се вклопат коцките. Секако во нашите планови не беа 1-3 на стартот од првенството. Имаме одличен тим и функционираме како едно семејство. Никогаш не сум играл за ваков тим – изјави по средбата, Крис Пол.

Феникс се приближува до својата најдолга победничка низа во историјата, кога во сезоната 2006/07 година го постигнаа клупскиот рекорд од 17 натпревари без пораз.

Девин Букер беше најефикасен на натпреварот со 35 поени, додека Крис Пол подели 12 асистенции на кои придодаде и 17 поени.

Кај Кливленд, Џерет Ален имаше дабл-дабл од 25 поени и 11 скокови, додека Џеди Осман мечот го заврши со 23 поени.

Резултати на останатите натпревари:

Индијана – ЛА Лејкерс  116:124 (прод.)

Орландо – Шарлот  99:106

Бостон – Бруклин  104:123

Хјустон – Чикаго  118:113

Мемфис – Торонто  113:126

Милвоки – Детроит  114:93

Минесота – Мајами  113:101

Њу Орлеанс – Вашингтон  127:102

Оклахома – Јута  104:110

Сан Антонио – Атланта  106:124

Голден Стејт – Филаделфија  116:96

Сакраменто – Портланд  125:121

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.