Кошаркарската федерација на Македонија донесе одлука околу стартот на новата сезона. По реакциите и апелите од здруженијата на кошаркари и клубови, федерацијата на чело со Перо Антиќ го најави првото коло од новата сезона во Првата македонска лига.

Воведната рунда од шампионатот, КФСМ ја закажа за 31 октомври, но наложи до клубовите и играчите дека сите ќе мора да ги почитуваат мерките за безбедност предложени од надлежните органи. Играчите и клупските лица ќе бидат приморани да потпишат изјави за согласност дека ќе ги почитуваат протоколите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.