Раководството на најсилната кошаркарска лига на светот – НБА, размислува да го премести датумот за почеток на следната сезона до јануари 2021 година, пренесува „ЕСПН“.

Лигата има приоритет на 82 регуларни сезонски натпревари за сезоната 2020/21 и да има што е можно повеќе гледачи.

Првично сезоната е закажана да започне на 1 декември. Сепак, НБА лигата би можела да го премести стартот на првенството за 18 јануари 2021 година, ако тоа придонесе шампионатот да започне со гледачи на трибините

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.