Екипата на ТФТ ја оправда фаворитската улога, славеше над Вардар (94-71) и се врати меѓу најдобрите во Првата лига, поточно на втората позиција на табелата.

Со добра игра од период во период, тимот на Боро Смилковски дојде до планиранте бодови на домашен терен во СРЦ „Кале“. Вардарци константно бркаа негатива, но ниту еднаш не успеаја да се заканат дека може да го изненадат фаворитот на хартија.

Главниот удар ТФТ го зададе по полувремето, во третиот период, кога следеше одлична поентерска серија на Андерсон, Смит и Харис, за предност од 62-43. Понатаму се беше полесно, затоа што се одржуваше таа висока предност до крајот на натпреварот во Скопје.

Амир Смит имаше феноменален натпревар со 20 поени и ѕверски 19 скока, а веднаш зад него беше Ланклан Андерсон со 18 поени. Трет стрелец беше Зае Хортон со 15 поени. Кај Вардар, Џентал Сила имаше 17 поени, пред Џулиус Провел со 15 поени, додека Дујковиќ имаше „дабл-дабл“ од 13 поени и 10 скока.

извор: Гол.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.