Грчкиот кошаркарски тренер, Димитрис Итудис (51) се очекува наскоро да седне на селекторското столче на местото на познатиот американски стратег Рик Питино, објавија локалните медиуми.

Итудис од 2014 година е тренер на московска ЦСКА со која освои две титули во Евролигата (2016, 2019). Претходно долги години беше помошник на српскиот стратег Жељко Обрадовиќ во атински Панатинаикос.

Во кариерата Итудис ги предводеше и солунски ПАОК и турски Банвит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.