Тениските ѕвезди од Србија се селат во Хрватска, „Адрија турот“ кој го организира Новак Ѓоковиќ во наредните неколку дена ќе се игра во Задар, откако првиот дел се одигра во Белград.
Промоцијата се одржа денеска, а вип гостин беше Бисерка Петровиќ, мајката на кошаркарската легенда Дражен Петровиќ кој прерано го загуби својот живот во сообраќајна несреќа.
Таа на Ѓоковиќ му подари дрес од Дражен Петровиќ, а тој и даде рекет кој ќе се најде во музејот на нејзиниот син.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.