Дефанзивецот на Мајами, Џими Батлер ги сподели своите размислувања за претстојното финале во НБА плејофот против Лос Анџелес лејкерс.

– Мислам дека имаме навистина одличен тим. Нема да кажам дека сме многу подобри од некој друг, но исто така не сметам дека заостануваме од противникот во финалето. Па што ако никој не сметаше на нас за финалето? Сосема е нормално. Сигурен сум дека никој не се обложил и дека можеме да победиме, го разбираме тоа. Ние го земаме како што е, не ни е гајле.

Ќе одиме на терен и ќе се бориме, ќе играме заедно, како и секогаш. Да видиме како ќе заврши. Како и да е, ние ќе делуваме во наш стил, во стилот на Мајами кој работи цела година, вели Батлер во изјава за „ЕСПН“.

Првиот натпревар од финалната серија од плејофот во НБА меѓу Лејкерс и Мајами ќе се одигра вечер во 3 часот по полноќ по македонско време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.