НБА сериозно размислува да ја прошири лигата за уште два тима. Причина за таквиот план е тоа што приходите се сериозно опаднати поради пандемијата и проширувањето на лигата ќе значи огромна финансиска инјекција.

Извори од канцелариите на Лигата велат дека челниците разгледуваат бројка од 2,5 милијарди долари за секој од двата клуба со кои би се проширила лигата во скора иднина – пишува новинарот на ЕСПН, Брајан Виндхорс.

Доколку се случи таквото пропирување со два тима, тоа ќе значи дека секој од тимовите во НБА ќе добие по над 166,5 милиони долари.

Во овој план се поставува прашањето дали Лигата ќе успее да ја постигне таквата цена, со оглед на тоа што тоа би претставувало рекорд за купување на еден тим. Сегашниот рекорд изнесува 2,35 милијарди долари, колку што Џозеф Цаи (сопственикот на Алибаба) плати за бруклин нетс во 2019 година.

Сепак, највредните франшизи не се често на пазарот, а „Форбс“, рангираше седум НБА тимови на вредност поголема од 2,5 милијарди долари, иако тоа беше пред пандемијата да ја разниша НБА. За да се постигне таква цена, Лигата би можела да одбере градови со најмоќните медиски пазари да бидат седиште на новите тимови.

Сиетл е најверојатна опција, но за вториот град домаќин постојат широко распространети опции, Лас Вегас, Канзас Сити, Лувил, а можно е проширување и во Мексико Сити. За сите овие локации се смета дека има можност некој да сака да плати 2,5 милијарди долари за да поседува НБА тим.

 

 

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.