Центарот на Филаделфија, Камерунецот Џоел Ембид, постигна дабл-дабл од 40 поени и 19 скокови со што го предводеше својот тим до пресврт против Јута и победа во продолжение од 131:123. Со овој триумф против тимот со најдобар учинок во НБА лигата, Филаделфија го задржа првото место во Источната конференција со скор 24-12, пред Бруклин (24-13), кој синоќа исто така славеше.

По неколку пропуштени натпревари поради повреда, во редовите на Филаделфија се врати Тобајас Херис, кој беше еден од клучните играчи на својот тим со дабл-дабл од 22 поени и 10 скокови.

Донован Мичел со 33 поени беше најефикасе во редовите на Јута, додека Бојан Богдановиќ и МАјк конли постигнаа по 18. Сепак, партија под своите можности пружи центарот Руди Гобер, кој беше целосно надигран од Ембид и мечот го заврши со само 12 поени, девет скокови и четири асистенции.

Ова беше втор пораз по ред на Јута, која претходно таква негативна серија имаше на петти и шести јануари.

Резултати од останатите натпревари:

Кливленд – Индијана  111:114

Торонто – Детроит  105:129

Хјустон – Бруклин  114:132

Њу Орлеанс – Чикаго  124:128

Минесота – Шарлот  102:135

Орландо – Атланта  112:115

Далас – Оклахома Сити  87:78

Портланд – Голден Стејт  108:106

Сакраменто – ЛА Лејкерси  123:120

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.