Медиумите од САД откриваат нови детали за несреќата во која животот го загуби Коби Брајнт, во хеликоптерот била и една од неговите ќерки, 13 годишната Џана Марија. Оваа информација најпрво ја соопшти ТМЗ, а подоцна ја потврди и добро упатениот новинар на ЕСПН, Адријан Војнаровски.

Коби Брајант и Џана тргнале на натпревар.

Ќерките имаат централно место во животот на кошаркарот.

Прашан што му било најважно од последниот натпревар, Коби ќе каже: Моите ќерки. Неколку години претходно имав проблеми со повреди, не играв на највисоко ниво, а тука ме видоа во полн сјај. Беа премали за да се сеќаваат на нешто. На последниот натпревар ми рекоа: „Тато, па ти си бил добар!“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.