Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром со победа ја отвори новата сезона во регионалната АБА 2 лига, откако триумфираше вечерва во воведното коло на турнирот во Златибор над Младост Земун со 97:90 (50:45)

Дамјан Робев со 28 поени и Немања Милошевиќ со 20 кошеви беа најефикасни во редовите на МЗТ Скопје, кој во второто коло за противник ќе ја има екипата на Рогашка од Словенија, в четврток со почеток во 21 часот.

Вториот македонски претставник во АБА 2 лигата, дебитантот во регионалното натпреварување Пелистер, во првото коло на турнирот во Златибор се среќава со црногорскиот тим Сутјеска утре со почеток од 15 часот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.