Регионалното кошаркарско натпреварување АБА лигата која во мерт беше прекината поради пандемијата на коронавирус нема да продолжи.

Оваа одлука е речиси сигурна, а останува само да се официјализира. Првенството завршува без прогласување шампион и без испаѓање.

Крај на сезоната е и во АБА 2 лигата каде се натпреваруваше македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром. „Штрковите“ пред почетокот на плејофот беа на третотот место, а тоа значи дека и догодина ќе играат во АБА 2, бидејќи во најквалитетното друштво одат двете првопласирани екипи Борац Чачак и Сплит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.