Екипата на МЗТ Скопје Аеродром по четврти пат го освои Суперкупот кој од оваа година го носи името „Драган Василов Цевка“. „Металците“ до трофејот дојдоа откако во СРЦ „Кале“ го совладаа Работнички со 79:78.

Двете екипи имаа свои минути, а на крајот одлучи искуството на аеродромци.

Со оваа победа, „сино-белите“ ги обединија титулите од првенството и од Купот на Македонија и повторно ја најавија својата кандидатура за највисок пласман во новото првенство.

Адем Мекиќ со 27 и капитенот Дамјан Стојановски со 16 поени беа најефикасните кошаркари во победничкиот состав.

Во тимот на Работнички се истакнаа Недим Мустафица со 24 и Емерсон со 23 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.