Екипата на Милвоки бакс постави нов НБА рекорд со 29 постигнати тројки за лесна победа против Мајами хит од 144-97.

Со овој триумф „елените“ му се одмзадија на тимот што лани ги елиминира во втората рунда од плејофот во Источната конференција.

Ваквиот резултат на Милвоки дојде и покрај доста слабото издание на првата ѕвезда на тимот, Јанис Антетокумпо, кој беше единствениот играч на Бакси, кој не постигна тројка, а мечот го заврши со три погодени шута од девет обиди за девет поени, шест скокови и шест асистенции.

Затоа, пак, седум негови соиграчи имаа двоцифрен број на поени, предводени од Крис Мидлтон со 25 и Џру Холидеј со 24.

Кај домашните кошаркари најефикасен беше Тајлер Хиро, кој мечот го заврши со 23 поени.

Останати резултати

Кливленд – Њујорк  86:95

Детроит – Голден Стејт  106:116

Индијана – Бостон  111:116

Филаделфија – Торонто  100:93

Вашингтон – Чикаго  107:115

Оклахома сити – Орландо  107:118

ЛА Клиперс – Минесота  124:101

Феникс – Њу Орлеанс  111:86

Сакраменто – Денвер  125:115

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.