ЖКК Бадел 1862 се наоѓа пред историски пласман во WABA Супер лигата, нешто што досега не ѝ успеало на ниту една македонска женска кошаркарска екипа.

В среда, 15 декември 2021 година со почеток во 20.00 часот во спортската сала „Независна Македонија“, Кисела Вода – Скопје, ќе се одигра натпреварот од последното коло од групната фаза во WABA лигата против директниот конкурент за пласман во Супер лигата, белградски Партизан.

На табелата, ЖКК Бадел 1862, моментно на четвртото место е со учинок од три победи и шест порази, додека петтопласираниот Партизан има една победа помалку.

Нашиот женски кошаркарски клуб на првиот меч во српскиот главен град забележа победа со резултат 73:70.

Клубот ги повикува љубителите на кошарката во среда да бидат ветер во грб и шести играч, во обидот за историски исчекор како за ЖКК Бадел 1862 така и за македонскатаженска кошарка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.