Денеска во 15 часот најдобрите македонски кошаркари во меч против Естонија одлучуваат дали ќе се пласриаат на Европското првенство.

По синоќешната одлична игра во која ја совладат Италија со 87-78 денеска им е потребна  победа од најмалку 10 поени разлика.

Естонија пред почетокот на пандемијата со коронавирусот, пред полни трибини во СЦ „Борис Трајковски“, си поигра со Македонија и славеше со девет поени разлика (72-81). Сега, ќе биде потребно Македонија да слави со најмалку десет поени разлика во меѓусебната пресметка, за да се патува на европскиот кошаркарски собир.

Проблеми за овој меч за селекторот Тодоров е тоа што еден од најдобрите Димитриевиќ е повреден. Иако најавите се дека нема да игра, сепак можно е да го видиме неколку минути на паркетот како „џокер“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.