Екипата на Бостон остана во живот во финалната серија од Источната конференција во НБА лигата со понеда против Мајами со 121:108, со што намали на 3:2 во победи во плејоф серијата.

Клучен за оовј триумф на Бостон беше Џејсон Татум кој постигна 33 поени, од кои дури 17 во третата четвртина, кога се скрши отпорот на Мајами. Во овј дел од мечот кошаркарите на Бостон направија серија од 20:3, по што Мајами не можеше да се врати во игра.

Џејлен Браун додаде 28 поени за Бостон, додека кај Мајами најефикасен беше Горан Драгиќ со 23 коша.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.