Екипата на Мајами хит го совлада Бостон селтикс во шестиот натпревар од финалната серија на Источната серија и се избори за место во големото фнале каде што ќе игра против Лос Анџелес лејкерс.

„Жешките“ слаеа со резултат 125:113 за конечен триумф во серијата од 4:2 во победи.

Клучен играч во редовите на Мајами беше центарот Бам Адебајо, кој мечот го заврши со 32 поени, 14 скокови и пет асистенции, а уште петмина го завршија мечот со двоцифрен број поени, Џими Батлер (22), Тајлер Хироу (19), Андре Игудала (15), Данкан Робинсон (15) и Горан Драгиќ (13).

Кај Бостон четворица имаа над 20 поени, Џејлен Браун (26), Џејсон Тејтум (24), Маркус Смарт (20) и Кемба Вокер (20), но тоа беше недоволно за „зелените“ да му парираат на одличниот противник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.