Кошаркарите на Мајами Хит го совладаа Бостон Селтикс со 112-109 во четвртиот натпревар од финалето во Источната конференција со што им треба уште само еден триумф за да обезбедат место во големото финале.

Кошаркарите на Мајами сосема заслужено дојдоа до триумфи водство од 3-1 во плејоф серијата, со оглед на тоа што водеа практично во целиот меч.

Јунак кај „жешките“ беше Тајлер Хироу, кој со постигнати 37 поени стана дебитант со најмногу постигнати поени на еден плејоф натопревар по Меџик Џонсон кој го има тоа признание.

Покрај Хироу, одличен настап имаа и Џими Батлер (24 поени, 9 скокови), Горан Драгиќ (22 поени) и Бам Адебајо (20 поени, 12 скокови).

Кај Бостон, најголемата ѕвезда, Џејсон тејтум целосно потфрли во првото полувреме во кое не постигна ниту еден поен, но сепак, на крајот беше најефикасен во својот тим со 28 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.