Дејмиан Лилард постигна 50 поени за Портланд со што го предводеше својот тим до крајно драматично победа против Њу Орлеанс со 125.124. На оваа средба, Портланд стана првиот тим во историјата на НБА лигата што успеал да надмине заостанување од 17 поени во последните шест минути од некој натпревар. (Њу Орлеанс водеше со 17 разлика на 5,56 минути пред крајот).

Кошаркарите на Портланд го почнаа неверојатниот пресврт со серија од 13:0, по што „пеликаните“, сепак, имаа три можности да ја осигураат победата. На 7,2 секунди до крајот и водство од 124:121, Брендон Инграм утна две слободни фрлања. Следуваше намерен фаул врз Лилард за тој да биде спречен да шутира за три поени, по што ѕвездата на Портланд ги погоди двете слободни фрлања.

Во следниот напад, при водство на Њу Орлеанс од еден разлика Лонзо Бол изведе до Никел Александер-Вокер, кому топката му избега во аут. Во следниот напад Ерик Бледсо го фаулира Лилард, по што тој повторно реализира две слободни фрлања за преземање на водството.

Во последните секунди Њу Орлеансд имаше уште една шанса, но шутот на Зајон Вилијамсон не влезе низ обрачот.

Резултати од синоќешните натпревари:

Бостон – Јута  109:117

Чикаго – Оклахома сити  123:102

Хјустон – Атланта  107:119

Мајами – Кливленд  113:98

Филаделфија – Њујорк  99:96

Портланд – Њу Орлеанс  125:124

ЛА Лејкерс – Минесота  137:121

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.