Лидерот на Југозападната дивизија, Хјустон Рокетс го совлада лидерот на Пацифичката, Лос Анџелес Лејкерс со 113-97 во најинтересниот натпревар во НБА вечерва.

Џејмс Харден беше над сите со 39 поени, 12 асистенции и 8 скокови за Рокетс, а Бен Меклемор додаде 20 поени. Лејкерс имаа сериозни потешкотии во нападот во отсуство на повредениот Леброн Џејмс. Ентони Дејвис заврши со 17 поени и 12 скокови, а најдобар стрелец за Лејкерси беше Кајл Кузма со 21 поен.

Богдан Богдановиќ постигна 35 поени за победата на Сакраменто Кингс со 140-125 над Њу Орлеанс Пеликанс. Ова е прва победа на Кингс од рестартирањето во НБА. Ди Аарон Фокс додаде 30 поени и 10 асистенции за успех.

Портланд Tрејлблејзерс го совладаа Денвер Нагетс со 125-115. Демијан Лилард заврши со 45 поени и 12 асистенции, израмнувајќи го својот рекорд со 11 реализирани тројки. Гери Трент додаде 27 поени на успехот на Портланд.

Резултати од НБА:

Сакраменто – Њу Орлеанс 140: 125
Милвоки – Мајами 130: 116
Феникс – Индијана 114: 99
Далас – ЛА Клиперс 111: 126
Денвер – Портланд 115: 125
Хјустон – ЛА Лејкерс 113: 97

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.