Раководство на Лос Анџелес лејкерс ќе се обиде во своите редови да го донесе еден од најдобрите играчи во НБА и член на шампионот Торонто, Каваи Ленард. Кошаркарот ќе оди на трансфер пазарот како слободен агент.

Сепак, за трансферот на 27-годишниот Ленард, Лејкерс е неопходно е да почекаат до 30 јули кога треба да биде официјалната најава за договорот со “Њу Орлеанс” за размена на центарот Ентони Дејвис.

Во плејофот, Каваи Ленард постигна 28,5 поени, 9,8 скока, 4,2 асистенции во просек за 41 минута по натпревар. Во финалето, канадскиот клуб беше поуспешен од Голден Стејт 4-2 во победи за историска прва шампионска титула.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.