Леброн Џејмс одигра одличен натпревар против Милвоки бакс со што ги предводеше ЛА Лејкерс до тријмф од 113.106. Џејмс мечот го заврши со 32 поени со шут од игра 12 од 24, а зебележа и осум асистенции, пет скокови и по една блокада и украдена топка.

Голема помош за победата Џејмс доби од Кентавиус Калдвел-Поуп кој мечот го заврши со 23 поени.

Кај Милвоки, најефикасен беше актуелниот двократен МВП, Јанис Антетокумпо со 25 поени, додека границата од 20 поени ја минаа и Џру Холидеј (22) и Крис Мидлтон (20).

Дрејмонд Грин исфрлен за давање инструкции на соиграч

Кошаркарот на Голден стејт вориорс, Дрејмонд Грин, доби бизарно исклучување на мечот против Њујорк никс, кој нујорчаните го добија со 119:104.

Додека „воините“ трчаа назад во одбрана грин гласно викаше со инструкции за своите соиграчи, кога судијата му даде техничка грешка. За грин тоа беше втора техничка на мечот и автоматско исклучување. По мечот, судијата Бен тејлор се извини и призна дека направил грешка, мислејќи дека Грин му вика нему, а не на соиграчите.

Тоа исклучување придонесе да бидат залудни 30 поени постигнати од Стеф Кари, кој беше најефикасен во редовите на Голден Стејт.

Кај Њујорк, шестмина имаа двоцифрен учинок, а најефикасен беше РЏ Берет со 28 постигнати поени.

Седум по ред за Јута

Екипата на јута џез дојде до својата седма победа по ред, со што дојде до скор од 11 победи и четири порази и се искачи на второто место во Западната конференција, веднаш зад актуелниот НБА шампион ЛА Лејкерс.

Донован Мичел постигна 36, Мајк Конли 20, а Џордан Кларксон 19 поени од клупата за триумфот на „џезерите“.

Кај Њу Орлеанс, за кого ова беше деветти пораз во 14 натпревари, најефикасни беа Зајон Вилијамсон со 27 и Брендон Инграм со 23 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.