Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс ќе играат во плејофот на НБА-лигата, откако рано утрово на домашен терен го победија Голден Стејт со 103:100. Ова беше дуел од плејин во Западната конференција кој одлучуваше за седмиот носител во плејофот.

Најзаслужни за победата на Лејкерс беа Ентони Дејвис со 25 поени и 12 скока и Леброн Џејмс со трипл-дабл учинок – 22 поена, 11 скока и 10 асистенции.

Кај Голден Стејт вообичаено најдобар поединец беше Стеф Кари кој уфрли 37 коша.

Тимот од Сан Франциско и покрај поразот ќе има уште една шанса да обезбеди разигрување за титулата. Противник ќе му биде Мемфис кој ноќеска го победи Сан Антонио со 100:96

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.