Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс го мина легендарниот Дерек Фишер на осмото место на вечната листа според бројот на победи во НБА лигата, предводејќи го синоќа актуелниот првак до тесен гостински триумф над Бостон со 96:95.

За Џејмс, кој имаше ефект од 21 поени и по седум скокови и асистенции, ова беше 854 победа во кариерата, минувајќи го на вечната листа легендарниот кошаркар на „Лејкерси“ Дерек Фишер.

Неприкосновен лидер според бројот на победи во кариерата останува Карим Абдул Џабар со 1.074 триумфи.

НБА резултати од ноќта меѓу саботата и недела:

Мајами – Сакраменто 105:104

Далас – Феникс 105:111

Чикаго – Портланд 122:123

Шарлот – Милвоки 126:114

Њу Орлеанс – Хјустон 112:126

Бостон – Лос Анџелес Лејкерс 95:96

Сан Антонио – Мемфис 112:119

Голден Стејт – Детроит 118:91.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.