Екипата на ЛА Клиперс загуби на гостувањето кај Вашингтон визардс со 119:117 со што дојде до третиот пораз во низа. Тоа за клуперси е најлошата серија сезонава, а поради тие лоши резултати тимот падна од втората позицвија во Западната конференција на четвртата, при што има ист број загубени натпревари како петтиот Портланд.

Кошаркарите на тимот од Лос Анџелес имаа шанса да се обидат да дојдат до победа или барем продолжение во финишот на средбата. На седум секунди до крајот и предност за Вашингтон од два поени, крилото на Визардс, Руи Хачимура, утна слободно, но кошаркарите на Клиперс не успеаја да ја фатат одбиената топка, по што измина времето.

За поразот на Клиперси влијаеше отсуството на Пол Џорџ, но и без него седуммина имаа двоцифрен учинок, предводени од Кавај Леонард, кој постигна 22 поени.

Во победничката екипа најефикасен беше Бредли Бил со 33 поени, а одличен беше и Расел Вестбрук, кому му недостасуваше еден скок за трипл-дабл, а мечот го заврши со 27 поени, 11 асистенции и девет скокови.

Резултати од останатите натпревари:

Бостон – Торонто  132:125

Њујорк – Детроит  114:104

Индијана – Денвер  103:113

Мемфис – Милвоки  111:112

Њу Орлеанс – Мајами  93:103

Сан Антонио – Оклахома Сити  102:107

Феникс – Голден Стејт  120:98

Портланд – Сакраменто  123:119

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.