Европскиот ракометен шампион, Вардар, веќе подолг период минува низ тежок период, а денес го доби можеби најголемиот удар оваа сезона. Ова се случува само неколку денови пред дуелот со Мотор во Лигата на шампионите.

Најдобриот ракометар на „црвено-црните“ Даинис Кристопанс и официјално го напушти вардаровото семејство и од денед е нов ракометар на германски Фуксе Берлин.

Оваа информација ја потврди и бундеслигашот, откако на социјалните мрежи му посака добредојде на „летонскиот џин“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.