Крис Пол одигра блескава партија со која го предводеше еникс санс до триумф против Денвер нагетс со 123:98. Со овој триумф „сонцата“ дојдоа до предност од 2:0 во победи во плејоф серијата од полуфиналето во Западната конференција во НБА лигата.

Пол (36) го заврши натпреварот со учинок од 17 поени и 15 асистенции без ниту една загубена топка. Со таквиот ефект, Пол дојде се искачи на 14. место на вечната листа асистенти во историјата на плејофот во НБА-лигата. По ова средба, Пол има вкупно 974 плејоф асистенции, со што го надмина поранешниот легендарен играч на ЛА Лејкерс, Џери Вест, кој кариерата ја заврши со 970 асистенции во доигрувањето.

Лидер по бројот на асистенции во плејофот во НБА е легендарниот играч на Лејкерс Меџик Џонсон со 2.346 додавања по кои е постигнат кош.

Истовремено, со учинокот од 15 поени, 15 асистенции и ниту една загубена топка во еден плејоф натпревар, Пол го повтори својот успех од 2014 и 2008 година, период во кој такво нешто не му испеало на ниту еден друг кошаркар.

Предводен од Пол, целиот тим на Феникс одигра одличен натпревар. Сите петмина од почетната петрока постигнаа двоцифрен број поени, а таков ефект имаше и Тори Крег од клупата.

Кај Денвер, пак, „двоцифрени“ беа четворица, од кои двјаца постигнаа 11, а еден 10 поени. На тој начин, учинокот од 24 поени, 13 скокови и шест асистенции на новиот МВП на лигата, Никола Јокиќ, не беше доволен за избегнување пораз.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.