Кошаркарскиот дом на славните „Џејмс Најсмит“ именуваше 14 финалисти кои оваа година се кандидати да бидат вклучени во Куќата на славните. Конечниот список ќе биде објавен на 16 мај.

На списокот се деветмина за кои ова е прва номинација: поранешниот тренер Рик Аделман, двократниот шампион Крис Бош, петкратниот шампион Мајкл Купер, МВП на финална серија Пол Пирс, првиот црн тренер на НБА Бил Расел, двократниот шампион тренер во НЦАА Џеј Рајт, двократната олимписка шампионка Јоланда Грифит, трикратниот МВП во женската НБА-лига, Лорен Џексон и поранешна тренерка на годината во НБА-лигата, Маријана Стенли.

Меѓу претендентите се и сопственикот на рекорден број победи во гимназиите, Самер Ендрус, петкратните Ол-стар играчи Тим Хардвеј и Маркез Џонсон, четирикратниот дефанзивец на годината Бен Валас и петкратниот ол-стар Крис Вебер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.