Американскиот кошаркар на КК Работнички, Демиер Питс е позитивен на ковид-19 покажал тестот кој му бил направен откако откако овој играч се пожалил на симптоми на коронавирус. Иако првичните информации говореа за двајца кошаркари на „центарци“, од управата на Работнички објавија дека Питс е единствениот од таборот на овој клуб што имал позитивен тест на коронавирус.

Би сакале да ја информираме јавноста дека американскиот плејмејкер Демиер Питс, кој неодамна ја продолжи соработката со КК Работнички е позитивен на вирусот КОВИД -19. Кај Питс е евидентиран позитивен тест, по направените редовни контролни тестирања од страна на раководството на КК Работнички. Тестирани се и останатите играчи, кадешто тестовите се негативни на вирусот КОВИД-19. До добивање на епидемиолошка проценка на ризикот и насоки за понатамошно постапување, Американецот Демиер Питс останува во изолација“, објавија од КК Работнички.

Од управата на „црвено-белите“ очекуваат тоа да не се одрази врз плановите за стартот на сезоната, во кој Работнички уште во првото коло ќе го игра вечното дерби против МЗТ Скопје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.