На денешната 20. редовна седница Владата го одобри барањето за македонско државјанство на Џекоб Даниел Вајли, бидејќи, како што наводуваат во соопштението, го исполнува условот за особен интерес за државата од аспект на спортот.

Вајли е американски кошаркар роден во 1994 година во Лонг Бич, Лос Ангелес, а досега настапувал во екипата на Панатанаикос и во шпанската кошаркарска лига.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.