Кошаркарката Антонела Гонзалес, среде натпревар отишла да ја подои својата 11-месечна ќерка. Тоа се случило за време на пресметка во аргентинскиот шампионат помеѓу Томас де Рокамор и Велез Сарсфилд.

Откако го завршивме разговорот со тренерот му реков дека ми е потребно малку време на клупата. Тоа е природно. Изненадена сум што околу нешто што е природно се крена ‘врева’ во јавноста. Но, среќна сум поради тоа. Се надевам дека ова ќе биде пример за сите мајки дека по бременоста и породувањето можат да се вратат на професионалниот спорт, вели Гонзалес.

Нејзиниот тим победил со 61:44 и скокнал на првото место на табелата. Антонела постигнала осум поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.