Третиот меч од финалната плејоф-серија од АБА-лигата помеѓу Црвена звезда и Партизан дефинитивно ќе почне со задоцнување, поради хаосот што се случи во „Пионир“ уште при истрчувањето на паркетот на гостинските кошаркари.

Избраниците на Жељко Обрадовиќ само што почнаа да се загреваат решија да се вратат во соблекувалната, поради канонадата со тврди предмети која беше упатена кон нив, но и поради многуте ласери во публиката со кои беше оневозможено да се подготват за натпреварот.

Во моментов се игра втората четвртина, а кошаркарите на Црвена звезда водат со поен разлика.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.