Кошаркарот на Вашингтон визардс, Бредли Бил го пролжи бизарниот антирекорд во НБА лигата што се состои во тоа секогаш кога тој ќе постигне 40 или повеќе поени неговиот тим да да загуби.

Таквата серија продолжи на гостувањето во Бостон, каде што Бил, кој е најдобар стрелец во лигата, постигна 46 поени, но Вашингтон загуби со 111:110.

Ова беше 11 последователен пораз за Вашингтон во кој Бредли постигнува 40 или повеќе поени, со што Бил го надмина претходниот ваков антирекорд, што исто така беше во негова сопственост, а го постави на 27 јануари.

Резултати од синоќешните натпревари:

Милвоки – ЛА Клиперс  105:100

Бостон – Вашингтон  111:110

Детроит – Њујорк  90:109

Мајами – Атланта  109:99

Хјустон – Мемфис  84:133

ЛА Лејкерс – Голден Стејт  117:91

Минесота – Феникс  99:118

Сакраменто – Шарлот  126:127

Торонто – Чикаго  (објавено)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.