Легендарните НБА играчи Коби Брајант, Тим Данкан и Кевин Гарнет се на официјалниот список на новите членови во „Куќата на славните“ во 2020 година.

Покрај Брајант, Данкан и Гарнет, во неа ќе влезат и познатата женска кошаркарка во НБА, Тамика Качингс, како и четири познати тренери: Руди Томијанович, Ким Малки, Барбара Стивенс и Еди Сатон.

Брајант е примен во кошаркарската Куќа на славните, нешто повеќе од два месеца откако го загуби животот во хеликоптерска несреќа.

Петкратниот НБА првак загина на 26 јануари, заедно со 13-годишната ќерка Џана и седум други лица.

Брајант освои пет титули со Лос Анџелес лејкерс и рекордни 18 пати беше селектиран во Ол-стар тим, додека со репрезентацијата на САД беше олимписки шампион во 2008 и 2012 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.