Екипата на ЛА клиперс, најмалку во следните три недели  ќе биде без стандарниот кошаркар Патрик Беверли поради повреда.

Беверли се повредил на натпреварот против Феникс во четвртокот, кога добил фрактура на левата рака, проади што ќе мора да биде опериран.

Беверли е еден од главните играчи во одбраната на Клиперси, кои се третопласирани во Западната конференција.

Беверли сезонава има просеци од 8.0 поени, 3.6 скокови и 2.1 асистенции по натпревар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.