Со натпреварот меѓу екипите на црногорскиот Морнар и хрватска Цибона денеска почнува новата сезона во регионалната кошаркарска АБА лига.

Актуелниот шампион Црвена ѕвезда одбраната на титулата ја почнува на домашен терен против Сплит, додека градскиот ривал на „црвено – белите“, Партизан, предводен од легендарниот Жељко Обрадовиќ на клупата, во првото коло му гостува на Задар, в понеделник.

АБА лига 1 коло:

Морнар – Цибона, Црвена ѕвезда – Сплит, Игокеа – Борац, Цедевита – Олимпија, Мега – Студнтски центар, Будуќност – ФМП, Задар – Партизан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.