Во пресрет на почетокот на новата сезона во НБА лигата, кошаркарот на Бруклин нетс, Кевин Дурант, се најде на првото место на ранг-листата на „ЕСПН“ за најдобри играчи во најсилното светско кошаркарско натпреварување. Дурант (32) на ланското рангирање беше на 6. место.

Според престижната спортска медиумска мрежа, меѓу тројцата најдобри се и освојувачот на МВП признанието на ланското финалеЈанис Антетокумпо од Милвоки бакс, и ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, кој беше прогласен за најдобар играч на ЕСПН пред една година.

Топ 10 НБА кошаркари во сезоната 2021/22 според „ЕСПН“.

1. Кевин Дурант (Бруклин)

2. Јанис Антетокумпо (Милвоки)

3. Леброн Џејмс (Лејкерс)

4. Лука Дончиќ (Далас)

5. Стивен Кари (Голден Стејт)

6. Никола Јокиќ (Денвер)

7. Џоел Ембиид (Филаделфија)

8. Демијан Лилард (Портланд)

9. Ентони Дејвис (Лејкерс)

10. Џејмс Харден (Бруклин).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.