Силното крило на Портланд, Кармело Ентони го надмина легендарниот Оскар Робертсон на 12. место во историјата на НБА-лигата според постигнати поени во кариерата.

Портланд го победи Орландо со 106:97, а 36-годишниот Ентони постигна 23 поени, што е неговиот најдобар учинок сезонава. Со тоа, Ентони дојде до 26.715 поени во кариеарата, додека Оскар во својата кариера реализира 26.710 поени.

Следен на листата на ефикасност во НБА лигата, пред Ентони, е Хаким Олајџувон со 26.946 поени.

Резултати од синоќешните натпревари

Портланд – Орландо  106:97

Детроит – Бруклин  122:111

Мајами – Њујорк  98:96

Њу Орлеанс – Хјустон  130:101

Сан Антонио – Голден Стејт  91:114

Јута – Бостон  122:108

Сакраменто – Филаделфија  111:119

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.