Кошаркарот на Голден стејт, Стивен Кари, постигна осум тројки на првиот меч од првото коло во НБА плејофот со Клиперс (121-104) и изби на врвот на вечната листа во оваа статистичка категорија.

Сега, Кари има 386 постигнати прецизни удари во плејофот. Досега на врвот беше Реј Ален со 385 тројки.

Трето место е играчот на ЛА лејкерс, Леброн Џејмс со 370 тројки, но и без можност да ја зголеми оваа бројка, бидејќи неговиот клуб не обезбеди учество во разигрувањето за трофејот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.