Македонската репрезентација за кошаркари до 16 години, на Европското првенство што ќе се игра во Скопје, во првата групна фаза за противници ги доби Шпанија, Италија и Израел.

Ова кадетско ЕП ќе се одржи од 14 до 22 август 2020 година. Кошаркарите до 16 години, се единствените кои играат во елитната А дивизија, додека другите македонски репрезентации се во Б дивизија.

На денешната жрепка во близина на Минхен, каде што е седиштето на ФИБА Европа, противниците ги добија и останатите македонски селекции во младинските категории. Јуниорите до 18 години ќе играат во Романија, младите до 20 години во грузиски Тбилиси. Во женска конкуренција, КФСМ ги пријави тимовите до 16 кој ќе се појави Сараево, и до 18 во Австрија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.