Дариус Гарланд промаши шут за три поени на 2,9 секунди до крајот, по што ни Џерет Ален не успеа „од одбојка“ да ја протне топката низ кошот со звукот на сирената, па така Јута успеа да го сочува водството од еден поен и да слави во Кливленд со 109:108.

Донован Мичел постигна 35 поени, Руди Гобер имаше 20 скокови, а четворица други кошаркари на Јута имаа двоцифрен учинок за четвртиот триумф во низа на „џезерите“, кои се на делба на третото место во лигата, заедно со Брукли, кој е најдобрата екипа на Истокот.

Гарланд го зврши мечот со 31 поен, Ален додаде 17 поени и 11 скокови, а дебитантот Еван Мобли имаше 14 поени и 12 скокови за Кливленд, кој играше на домашен терен откако славеше на гостувањата кај Далас, Мајами и Вашингтон. Тоа беше првпат по 1975 година како „коњаниците“ славеа на три последователни гостувања кај екипи со позитивен скор.

Резултати од останатите натпревари:

Атланта – Шарлот  127:130

Торонто – Вашингтон  102:90

Хјустон – Њу Орлеанс  118:108

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.