Екипата на Јута славеше против Филаделфија со 134:123 во дуелот на двете екипи со најдобар скор во Западната и Источната конференција од НБА лигата.

Ова за „џезерите“ беше осми триумф во низа со што се зацврстија на првото место во лигата со 23 победи и само пет порази. За разлика од нив, Филаделфија го доживеа третиот пораз по ред, но се уште е прва на Истокот со скор од 18 победи и 10 порази.

Играч на натпреварот беше Џордан Кларксон, кој ја пружи најдобрата партија во кариерата. Иако почна од клупата, Кларксон постигна  40 поени со шут од игра 13/20 од поле и 8/13 за три поени. Таквата ефикасност на Кларксон ја надополнија и играчите од првата петрока, кои сите имаа двоцифрен учинок.

Кај Филаделфија, одлични беа Бен Симонс, (42 поени, 12 асостенции и девет скокови) и Тобајас Херис (36 поени, 10 скокови), но се покажа дека е ненадоместливо отсуството на Џоел Ембид, кој не играше поради болки во грбот.

Резултати од останатите натпревари:

Индијана – Чикаго  112:120

Вашингтон  – Хјустон  131:119

Њујорк – Атланта  123:112

Голден Стејт – Кливленд  129:98

ЛА Клиперс – Мајами  125:118

Сакраменто – Бруклин  125:136 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.