Центарот Денвер нагетс, Никола Јокиќ, по синоќешниот пораз од Бостон селтикс (87:105), го прокоментира неговото често незадоволство од судењето.

Мислам дека сите 30 тимови во НБА-лигата се жалат и лелекаат за судиите. Ние сме само еден од нив. Така функционира играта. Арбитрите си ја вршат својата работа. Треба да си ја завршиме и ние својата работа. Секако, понекогаш има недоразбирања, спорови, како и во секоја работа – изјави Јокиќ.

За време на тајмаут во последната четвртина од средбата, кога Селтикс направија неверојатни 31:3, Јокиќ не беше со остатокот од тимот, туку седеше на клупата за резерви.

Со биланс 34 победи и 19 порази, Денвер се наоѓа на четвртото место на табелата во Западната конференција.

Резултати од синоќешните натпревари:

Шарлот – Атланта  101:105

Денвер – Бостон  87:105

Кливленд – Њу Орлеанс  109:116

Орландо – Милвоки  87:124

Далас – Сан Антонио  117:119

Минесота – Чикаго  121:117

Њујорк – Торонто  102:96

Мемфис – Индијана  125:132

ЛА Клиперс – Детроит  131:124

Портланд – Мајами  98:107

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.