Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, го повтори својот личен рекорд по број на постигнати поени на еден НБА натпревар. Србинот синоќа реализира 47 поени на мечот со Јута кој неговиот тим го доби со 128:117.

Јокиќ погоди 17 од 26 шутеви од поле, за тројка имаше четири погодоци од четири обиди, слободни фрлања шутираше 9 од 10, а исто така оствари 12 скока, пет асистенции, две украдени топки, една блокада и три загубени топки за 37 минути.

Од почетокот на сезоната Јокиќ оствари 20 последователни дабл-дабл, од кои пет се трипл-дабл.

Само Бил Волтон има подолга серија во историјата на НБА – 34 дабл-дабл во низа на почетокот на сезоната 76/77.

Резултати од синоќешните средби:

Њујорк – ЛА Клиперс  115:129

Денвер – Јута  128:117

Индијана – Филаделфија  110:119

Торонто – Орландо  115:102

Вашингтон – Бруклин  149:146

Минесота – Кливленд  109:104

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.