Српскиот кошаркар, Никола Јокиќ, имаше нова фантастична партија. Јокиќ оствари нов трипл-дабл учинок во дресот на Денвер овојпат во победата над Орландо со 110:99.

Српскиот интернационалец го оствари 12 трипл-дабл учинок во сезоната, предводејќи го својот тим до 26. триумф сезонава. 26-годишниот центар беше најефикасен во неговата екипа со 28 постигнати поени, а на тоа додаде 15 скока и 10 асистенции.

Со оваа победа, Нагетси се зацврстија на петтото место на табелата во Западната конференција со скор 26-17.

Кај поразениот Орландо, Еван Фурние постигна 31 поен, но тоа не му помогна многу на неговиот тим.

Резултати од синоќешните натпревари:

Орландо – Денвер 99:110

Њу Орлеанс – ЛА Лејкерс 128:111

Њујорк – Вашингтон 131:113

Мајами – Феникс 100:110

Голден Стејт – Филаделфија 98:108

Портланд – Бруклин 112:116

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.