Центарот на Денвер, Никола Јокиќ на денешниот натпревар против Хјустон (124:111) постави личен рекорд по бројот на асистенции на еден меч – 18.

Јокиќ стана првиот центар по Вилт Чембрлен кој остварил 18 асистенции на еден натпревар.

Исто така, српскиот кошаркар го направи својот 43. трипл-дабл во кариерата со 19 поени и 12 скока и се израмни со Фет Левер, кој е лидер во оваа статистичка категорија во историјата на клубот.

Резултати од останатите натпревари:

Атланта – Детроит  128:100

Бруклин – Мемфис  111:116

Оклахома сити – Јута  109:110

ЛА Лејкерс – Портланд  107:115

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.